Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Panta Rei
„Хотел Камерун“ падна врз Груевски
Антикорупциската корупција треба да го испита целиот случај во однос на условите врз кои е доделен тендерот за фирмата за изградба на луксузен хотел на земјиште од 5.000 квадратни метри зад „Рамстор“.
Сашо Орданоски од „Транспарентност Македонија “ вели дека ова е пример за нетранспарентно и недемократско работење.
- Целиот проект е една маска, демек се прикажува земјата како интересна за инвестирање, додека под маската станува збор за матна зделка, од која некои од македонските бизнисмени и политичари ќе профитираат - вели Ордановски образложувајќи дека, сепак, некој од земјава најмногу ќе се офајди од хотелот од кој, како што посочува тој, можат да се видат само дупки. В.С
http://www.spic.com.mk/kat/hronika/hotel-kamerun-padna-vrz-gruevski.html
Конференција за медиуми - ВМРО - ДПМНЕ
Почитувани,
Денес на македонската јавност ќе и презентираме уште еден случај на злоупотреба на невладините организации од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Класичен пример за манипулирање со невладиниот сектор е работата на таканаречената невладина организација Транспарентност Македонија.
Оваа самонаречена невладина организација, не само што не е дел од меѓународната организација со светско реноме Транспренси Интернешнл, туку е управувана и раководена од членови на партиското раководство на СДСМ.
Нападот на Уставен суд е политички инцидент
Бројот на укинати или поништени законски одредби од Уставниот суд, интеграцијата на земјава во НАТО и во ЕУ низ призмата на буџетот за 2010 година, случајот со разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, мистеријата околу велешката Топилница се дел од забелешките што влегоа во декемврискиот извештај на невладината „Транспарентност Македонија“ во врска со корупцијата и криминалот во земјава. Покрај ова, забележано е и дека Владата за приоритетна ја има партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ и нема слух за критика, а непримерен политички инцидент претставува изјавата на премиерот дека уставните судии се партизирани.
Месечен извештај за декември 2009 г.
Во месечниот извештај за декември 2009 г. за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството, ТМ сака да предупреди за следните случаи:
1. Случај Државен пазарен инспекторат
2. НАТО и ЕУ низ призмата на Буџет за 2010 г.
3. Мистерија за велешката Топилница
4. Партизирано донесување на закони
Месечен извештај за декември 2009 г. (pdf)
December 2009 Monthly Report (pdf)
Тендерите пропаѓаат за да се наместат
„Ќе изградат хидроцентрали и стокатници тогаш кога ќе купат двокатни автобуси“, вели читател на „Утрински весник“, коментирајќи го фијаското на тендерите. Колку и да се цинични, неколкуте збора се најилустративен приказ за пропаѓањето и репризирањето на тендерите во енергетиката, транспортот, земјоделството, здравството… но и за фантазмагоричните идеи (згради на сто ката) кои влегле во програми и само што не станале приоритетни проекти.
Став
СООПШТЕНИЕ По повод последниот скандал врзан за министерот за правда Михајло Маневски
…
Последни текстови по категории
- Соопштенија за јавност: Конференција за медиуми - ВМРО - ДПМНЕ - 31/01/2010 - 0 коментари
- Медиумски реакции: Нападот на Уставен суд е политички инцидент - 20/01/2010 - 0 коментари
- Месечни извештаи: Месечен извештај за декември 2009 г. - 18/01/2010 - 0 коментари
- Без категорија: Конкурс за фотографии и карикатури - 20/11/2009 - 0 коментари
- Случаи: Случај „Љубен Пауновски“ - 15/07/2009 - 0 коментари
- Став: СООПШТЕНИЕ По повод последниот скандал врзан за министерот за правда Михајло Маневски - 30/06/2009 - 0 коментари
- Статут: Статут - 29/04/2009 - 0 коментари
- Мислења / Анализи: 9ти декември Meѓународен ден на борба против корупцијата - 09/12/2008 - 0 коментари
- Ревизорски извештај за 2007 и 2008г.: Ревизорски извештаи - 15/02/2008 - 0 коментари
- Aрхива: Бизнис, 9 јануари 2008 - 10/01/2008 - 0 коментари
- Фотографии: Фотографии-9ти декември Ден на борба против корупцијата - 10/12/2007 - 0 коментари
Линкови
- Information Office of the Council of Europe
- Transparency International
- Државна комисија за спречување на корупцијата
- Закони на Република Македонија
- Македонски Центар за меѓународна соработка (МЦМС)
- Фондација Институт отворено општество – Македонија
- Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




