Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Panta Rei
Антикорупциска ќе работи на вересија
Седумтемина члена на Антикорупциската комисија од септември ќе работат на вересија. Ребалансираниот буџет ги испразни сите ставки за работата на оваа институција, вклучувајќи го и контото од каде што им се исплатуваа месечните надоместоци на комисионерите. Останаа 52.000 денари, кои се доволни само за еден хонорар.
Финансиите не се единствен проблем за Антикорупциска, чиј прв човек вчера на прес-конференција избегна да одговори дали ќе продолжат со работа или ќе поднесат оставки. Антикорупционерите се соочени со сериозна закана од разрешување, која ја најавуваат новините во Законот за спречување на корупцијата подготвени во Министерството за правда. Измените кои пред неколку дена непријатно ги изненадиле во Антикорупциска, предвидуваат мандат скусен за една година, кој завршува на 1 февруари наредната година. Значи дека актуелниот состав останува на работа уште пет месеци.
Балканот корупциски рај
Подмитувањето на Балканот е дел од секојдневјето, пишува долгогодишниот дописник на германската новинска агенција ДПА од регионот„Се подмачкува од лулка до гроб, и тоа го практикуваат сите општествени слоеви“. Така дописникот на ДПА ги воведува читателите во својот опширен текст, во кој ги опишува размерите на корупцијата во неколку земји од регионот: од Хрватска и Србија до Романија или Бугарија.
Крупен владин рекет врз фирмите
Ова е државен бандитизам на едно пијано друштво во Владата, кое не може да си го плати цехот во кафеаната, па сега со меанџијата сакаат да се договорат како тој да им го плати цехот. Вака реагираат експертите на можноста Владата со анекс-договор да ги одложува плаќањата кон стопанствотоВладата е крупен рекетар, кој преку измените во Законот за јавните набавки си овозможи легално да ги уценува компаниите за парите што им ги должи да им плати кога ќе има. Вака реагираат експертите на можноста Владата со анекс-договор да ги одложува плаќањата кон приватниот сектор.Аналитичарите реагираат дека скоро и да нема компанија во земјава што може да си дозволи да одбие договор со Владата, бидејќи тоа би ја довело до пропаст.- Државата вели дека ќе го менува договорот за јавната набавка ако двете страни се согласат. Но, двете страни во случајов не се во иста позиција. Со оваа законска мерка, државата се става во позиција на крупен рекетар. Речиси и да нема компанија во Македонија што може да си дозволи да одбие договор со државата. Таа ги има сите механизми и средства на располагање. Може на која било компанија да и’ го загорчи животот и да ја доведе до пропаст - вели Сашо Ордановски од „Транспарентност Македонија“.
Владата да го разреши директорот Цветанов
Државната комисија за спречување корупција да поднесе иницијатива до Владата за разрешување на директорот на Управата за спречување перење пари Ване Цветанов за кој Комисијата констатира дека во Управата биле вработени триесетина лица без согласност од Министерството за финансии, побара вчера невладината организација „Транспарентност Македонија“.
Пауновски пак пред Апелација
Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски доставил втора жалба во Апелацискиот суд откако Основниот суд Скопје 1 повторно го одбил барањето за повторување на судската постапка за него. Деветгодишното судење на Пауновски, кој за злоупотреба на службената положба беше осуден на три и полгодишна затворска казна и е задолжен да ги врати државните пари, продолжува и натаму.
- Направена ми е голема неправда, а се чувствувам жигосан и неправедно осуден. Ако не се повтори постапката, не само што директно ќе се прекрши и Законот за кривична постапка, туку јас ќе останам осуден, па парите на Министерството за одбрана, наместо луѓето кои ги зеле и ги трошат, ќе треба да ги вратам јас - потсетува Пауновски, кој најави жалба во Судот за човекови права во Стразбур.Ж.Ќ.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136113
Став
Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК
Транспарентност Македонија ја охрабрува ДКСК да поднесе иницијатива до Владата на РМ за разрешување на директорот на УСППФТ бидејќи тој во ниеден момент не ги оспори неправилностите констатирани од страна на ДЗР. Од друга страна, ТМ го повикува и г. Цветанов да ја објасни и аргументира криминалната структура и нејзината спрега со ДКСК, за што тој јавно се произнесе. Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК (pdf) …
Последни текстови по категории
- Медиумски реакции: Антикорупциска ќе работи на вересија - 27/08/2010 - 0 коментари
- Месечни извештаи: Извештај за месец јуни 2010 г. - 09/07/2010 - 0 коментари
- Соопштенија за јавност: Покана за прес конференција - 08/07/2010 - 0 коментари
- Став: Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК - 19/05/2010 - 0 коментари
- Без категорија: Изјава за медиуми - Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ - 20/04/2010 - 0 коментари
- Случаи: Случај „Љубен Пауновски“ - 15/07/2009 - 0 коментари
- Статут: Статут - 29/04/2009 - 0 коментари
- Мислења / Анализи: 9ти декември Meѓународен ден на борба против корупцијата - 09/12/2008 - 0 коментари
- Ревизорски извештај за 2007 и 2008г.: Ревизорски извештаи - 15/02/2008 - 0 коментари
- Aрхива: Бизнис, 9 јануари 2008 - 10/01/2008 - 0 коментари
- Фотографии: Фотографии-9ти декември Ден на борба против корупцијата - 10/12/2007 - 0 коментари
Линкови
- Information Office of the Council of Europe
- Transparency International
- Државна комисија за спречување на корупцијата
- Закони на Република Македонија
- Македонски Центар за меѓународна соработка (МЦМС)
- Фондација Институт отворено општество – Македонија
- Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




