Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Panta Rei
Случај „Љубен Пауновски“
Пред извесно време до здружението на граѓани „Транспарентност Македонија” се обрати г. Љубен Пауновски, новинар и бивш министер за Одбрана на РМ (2000-2001) со барање да нè запознае со детали од неговиот судски случај воден за дело „Злоупотреба на службената положба” според чл. 353 ст. 3 од Кривичниот законик на РМ, според кој, во постапка покрената во 2001 г., е осуден на три и пол години затворска казна и надомест на настаната штета. Според г. Пауновски, неговото обвинение и целокупната судска постапка е резултат на политички монтиран процес, како резултат на неговото одбивање да соработува со челни луѓе од Владата на РМ за време на воената криза во 2001 г., а во насока на мирно решавање на конфликтот.
Затвор и заплена на имот за сопственикот на „Славија“
Шест години затвор и заплена на имот вреден 97,6 милиони денари е казната за поранешниот управител и сопственик на АД„Славија“, Кирил Кочевски. Тоа е првата правосилна пресуда за незаконската приватизација. Во судскиот процес беше докажано дека со злоупотреба на службената положба Кочевски ја приватизирал фирмата. Сега имотот што ќе му биде одземен ќе и’ биде вратен на државата.
СДСМ: Најновиот договор со ОКТА е криминален
Договорот склучен со ОКТА на 31 декември е криминален, штетен и коруптивен, зашто со него Владата презела обврска рафинеријата во иднина да ги зголеми производните цени на сите нафтени деривати што таа ги произведува, обвини вчера опозициската СДСМ.
Бизнис, 9 јануари 2008
Премолчан најголемиот корупциски скандал во Македонија.
Дали ќе биде уапсен претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски?
ЛДП: Тендерот за „Сончев град” е „наместен”
Скопје, 28 октомври (МИА) - Либерално-демократската партија ја обвини Владата за „местење” на тендерот за продажба на градежното земјиште за проектот „Сончев град” во село Сопиште, бидејќи, во процесуирањето на тендерот се направени низа нерегуларности со често незаконско и нетранспарентно менување на специјалните услови на тендерот, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на ЛДП Андреј Жерновски.
Став
Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК
Транспарентност Македонија ја охрабрува ДКСК да поднесе иницијатива до Владата на РМ за разрешување на директорот на УСППФТ бидејќи тој во ниеден момент не ги оспори неправилностите констатирани од страна на ДЗР. Од друга страна, ТМ го повикува и г. Цветанов да ја објасни и аргументира криминалната структура и нејзината спрега со ДКСК, за што тој јавно се произнесе. Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК (pdf) …
Последни текстови по категории
- Медиумски реакции: Антикорупциска ќе работи на вересија - 27/08/2010 - 0 коментари
- Месечни извештаи: Извештај за месец јуни 2010 г. - 09/07/2010 - 0 коментари
- Соопштенија за јавност: Покана за прес конференција - 08/07/2010 - 0 коментари
- Став: Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК - 19/05/2010 - 0 коментари
- Без категорија: Изјава за медиуми - Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ - 20/04/2010 - 0 коментари
- Случаи: Случај „Љубен Пауновски“ - 15/07/2009 - 0 коментари
- Статут: Статут - 29/04/2009 - 0 коментари
- Мислења / Анализи: 9ти декември Meѓународен ден на борба против корупцијата - 09/12/2008 - 0 коментари
- Ревизорски извештај за 2007 и 2008г.: Ревизорски извештаи - 15/02/2008 - 0 коментари
- Aрхива: Бизнис, 9 јануари 2008 - 10/01/2008 - 0 коментари
- Фотографии: Фотографии-9ти декември Ден на борба против корупцијата - 10/12/2007 - 0 коментари
Линкови
- Information Office of the Council of Europe
- Transparency International
- Државна комисија за спречување на корупцијата
- Закони на Република Македонија
- Македонски Центар за меѓународна соработка (МЦМС)
- Фондација Институт отворено општество – Македонија
- Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




