Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Panta Rei
Покана за прес конференција
Транспарентност Македонија на 9 јули, 2010 г. (петок) со почеток во 11.30 часот, во просториите на НВО Инфоцентар (ул. Никола Тримпаре” бр. 18, влез 1, кат 2, стан 5), ќе одржи прес конференција на која ќе го објави извештајот за месец јуни за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општество. Теми на месечниот извештај за јуни 2010 г. :
- Ребаланс на буџетот
- Судство
- ДКСК
- Закон за извршување и
- Канцеларии за пријавување корупција
Ерозија на приватноста во Република Македонија
Правото на приватност во Република Македонија деновиве е одново доведено во прашање. Не е прв пат Владата сериозно да го ограничува правото на приватност, едно од темелните граѓански права, без притоа да отвори поширока јавна расправа за едно така значајно прашање. Со наводно „технички“ закон за електронските комуникации, во суштина, се прави упад во најзаштитените сфери на приватноста гарантирани со меѓународните договори за човековите права и Уставот на РМ. Имено, со предложените измени, овој Закон навлегува во сферата на казненото право, бидејќи предвидува нови овластувања за полицијата и тајните служби, надвор од досега предвидените со Законот за кривичната постапка и Законот за следење на комуникациите.
Ерозија на приватноста во РМ (измени и дополнувања на ЗЕК) (pdf)
Erosion of the Privacy in the Republic of Macedonia (pdf)
Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК
Транспарентност Македонија ја охрабрува ДКСК да поднесе иницијатива до Владата на РМ за разрешување на директорот на УСППФТ бидејќи тој во ниеден момент не ги оспори неправилностите констатирани од страна на ДЗР. Од друга страна, ТМ го повикува и г. Цветанов да ја објасни и аргументира криминалната структура и нејзината спрега со ДКСК, за што тој јавно се произнесе.
Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК (pdf)
Соопштение по повод усвоениот амандман на Законот за државна ревизија
Транспарентност Македонија со жалење констатира дека амандманот на Законот за државна ревизија кој минатата недела беше усвоен од страна на собраниската Комисија за финансирање и буџет на предлог од пратеничка од ВМРО - ДПМНЕ а со кој му ја одзема можноста на Собранието на РМ да ги разгледува ревизорските извештаи и завршната сметка на буџетот е скандалозно и едно од досега најнедемократските решенија донесени од страна на коалициските партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.ладата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Соопштение по повод усвоениот амандман на Законот за државна ревизија (pdf)
Соопштение по повод интерпелацијата на Мирјана Димовска
Транспарентност Македонија со жалење го констатира неуспешниот исход на интерпелацијата за претседателката на ДКСК, Мирјана Димовска, во Собранието на РМ. Владејачкото мнозинство не ги прифати аргументите за смена на г-ѓа Димовска, иако и Транспарентност Македонија постојано јавно бара отповикување на сегашниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, на чело со претседателка Мирјана Димовска.
Соопштение по повод интерпелацијата на Мирјана Димовска (pdf)
Став
Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК
Транспарентност Македонија ја охрабрува ДКСК да поднесе иницијатива до Владата на РМ за разрешување на директорот на УСППФТ бидејќи тој во ниеден момент не ги оспори неправилностите констатирани од страна на ДЗР. Од друга страна, ТМ го повикува и г. Цветанов да ја објасни и аргументира криминалната структура и нејзината спрега со ДКСК, за што тој јавно се произнесе. Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК (pdf) …
Последни текстови по категории
- Медиумски реакции: Антикорупциска ќе работи на вересија - 27/08/2010 - 0 коментари
- Месечни извештаи: Извештај за месец јуни 2010 г. - 09/07/2010 - 0 коментари
- Соопштенија за јавност: Покана за прес конференција - 08/07/2010 - 0 коментари
- Став: Соопштение по повод судирот помеѓу УСППФТ и ДКСК - 19/05/2010 - 0 коментари
- Без категорија: Изјава за медиуми - Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ - 20/04/2010 - 0 коментари
- Случаи: Случај „Љубен Пауновски“ - 15/07/2009 - 0 коментари
- Статут: Статут - 29/04/2009 - 0 коментари
- Мислења / Анализи: 9ти декември Meѓународен ден на борба против корупцијата - 09/12/2008 - 0 коментари
- Ревизорски извештај за 2007 и 2008г.: Ревизорски извештаи - 15/02/2008 - 0 коментари
- Aрхива: Бизнис, 9 јануари 2008 - 10/01/2008 - 0 коментари
- Фотографии: Фотографии-9ти декември Ден на борба против корупцијата - 10/12/2007 - 0 коментари
Линкови
- Information Office of the Council of Europe
- Transparency International
- Државна комисија за спречување на корупцијата
- Закони на Република Македонија
- Македонски Центар за меѓународна соработка (МЦМС)
- Фондација Институт отворено општество – Македонија
- Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




