Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
СООПШТЕНИЕ По повод последниот скандал врзан за министерот за правда Михајло Маневски
Информациите дека министерот за правда Михајло Маневски четири месеци, во периодот од 1 јануари до 1 мај оваа година, спротивно на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, примал и плата и пензија, е најновиот политички и правен скандал врзан за името на овој министер. Дополнително шокира обидот на служби во Владата ваквиот криминал да се прикрие со фалсификување на документи, односно ретроактивно одјавување на министерот од платниот список во мај 2009 г. при што Маневски е претставен како “хонорарец или волонтер во Владата“.
Соопштение-министер за правда Маневски (pdf)
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




