Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Случај „Љубен Пауновски“
Пред извесно време до здружението на граѓани „Транспарентност Македонија” се обрати г. Љубен Пауновски, новинар и бивш министер за Одбрана на РМ (2000-2001) со барање да нè запознае со детали од неговиот судски случај воден за дело „Злоупотреба на службената положба” според чл. 353 ст. 3 од Кривичниот законик на РМ, според кој, во постапка покрената во 2001 г., е осуден на три и пол години затворска казна и надомест на настаната штета. Според г. Пауновски, неговото обвинение и целокупната судска постапка е резултат на политички монтиран процес, како резултат на неговото одбивање да соработува со челни луѓе од Владата на РМ за време на воената криза во 2001 г., а во насока на мирно решавање на конфликтот.
Со оглед на тоа дека, по негативната одлука на Врховниот суд по Барањето за вонредно преиспитување на пресудата од мај оваа година, за г. Пауновски се исцрпени сите домашни правни можности за ревидирање на пресудата, можноста за повикување на г. Пауновски да ја одлежи досудената казна е секојдневна. Во тек е жалбено Барање за обнова на судскиот процес пред Апелациониот суд поради нов доказ, што не постоел за време на судењето. Г-дин Пауновски тврди дека во текот на изминатите осум години е изложен на континуирани притисоци и уцени со закани по неговиот живот и по здравјето на членовите на неговото семејство, а дека има основано сомневање дека таквите закани можат да се остварат токму за време на одржувањето на затворската казна.
Имајќи ја предвид политичката чувствителност на случајот на г. Пауновски, како и круцијалноста на неговата улога на директен сведок во матните политички и воени збиднувања за време на македонската воена криза во 2001 г., а со цел да се обезбеди транспарентност за деталите од делото за кое е осуден и за кое, според сопствено сведоштво, е под закани, „Транспарентност Македонија” ви доставува снимка од вербалното сведоштво на г. Љубен Пауновски во врска со својот случај и секојдневните притисоци на кои е изложен. Со оглед на зголемениот број на убиства и самоубиства под неразјаснети околности во македонските затвори, сметаме дека ваквата постапка ќе го сврти вниманието на стручната и на општата јавност и ќе придонесе за подигнување на личната и безбедноста на семејството на г. Пауновски.
Писмо до јавноста - Транскрипт (pdf)
Прилог кон Писмо за јавноста (pdf)
| Изјава - дел 1 |
Изјава - дел 2 |
| Изјава - дел 3 |
Изјава - дел 4 |
| Изјава - дел 5 |
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




