Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Нападот на Уставен суд е политички инцидент
Бројот на укинати или поништени законски одредби од Уставниот суд, интеграцијата на земјава во НАТО и во ЕУ низ призмата на буџетот за 2010 година, случајот со разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, мистеријата околу велешката Топилница се дел од забелешките што влегоа во декемврискиот извештај на невладината „Транспарентност Македонија“ во врска со корупцијата и криминалот во земјава. Покрај ова, забележано е и дека Владата за приоритетна ја има партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ и нема слух за критика, а непримерен политички инцидент претставува изјавата на премиерот дека уставните судии се партизирани.
„Дали Владата можеби ќе предложи нов начин на избор на судии на Уставниот суд, што ќе биде посоодветен за владејачката гарнитура или Владата со најразлични игри на зборови ќе се обиде да ги протурка истите законски решенија кои еднаш или во повеќе наврати биле укинувани или поништувани од Уставен суд? Премиерот е должен да одговори и дали и какви мерки планира да преземе за департизација на партизираните, според него, судии на Уставен суд“, запраша Ане Јаневска-Делева од „Транспарентност Македонија“. Исто така, таа рече и дека анализата на буџетот за годинава покажува дека Владата не планира да ги интензивира, туку да ги намали активностите што водат кон интеграција во ЕУ и во НАТО.
Власта се обидува да го забошоти случајот со земање рекет од страна на директорот на Пазарниот инспекторат и разрешувањето на Сашо Аќимовски од функцијата е партиска директива во која се вмешани високи функционери на власта, констатира „Транспарентност“. (П.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=29155A9AF66BB3459BA371F66ABAE0E4
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




