Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Конференција за медиуми - ВМРО - ДПМНЕ
Почитувани,
Денес на македонската јавност ќе и презентираме уште еден случај на злоупотреба на невладините организации од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Класичен пример за манипулирање со невладиниот сектор е работата на таканаречената невладина организација Транспарентност Македонија.
Оваа самонаречена невладина организација, не само што не е дел од меѓународната организација со светско реноме Транспренси Интернешнл, туку е управувана и раководена од членови на партиското раководство на СДСМ.
Како членови на оваа таканаречена невладина организација Транспарентност Македонија, чии имиња се и јавно објавени на нејзиниот официјален интернет сајт се:
- Г-дин Гордан Георгиев, актуелен потпретседател на СДСМ,
- Г-дин Дане Талески, член на Извршниот одбор на СДСМ,
- Г-дин Ѓунер Исмаил, поранешен министер во повеќе влади на Црвенковски и актуелен член на дипломатскиот совет на СДСМ,
- Г-дин Ферид Мухиќ и г-дин Ванчо Узунов, советници на Бранко Црвенковски,
- Г-дин Ѓоко Ташев - поранешен претседавач на советот во општина Кавадарци, од советничката група на СДСМ,
- Г-дин Александар Спасов, син на г-дин Људмил Спасов, член на Централниот одбор на СДСМ,
- И г-динот Сашо Орданоски, директор на Транспарентност Македонија, привезок и гласноговорник на политиките на СДСМ и Бранко Црвенковски.
Почитувани,
Таканаречената невладина организација Транспарентност Македонија која редовно излегува со извештаи за работата на државните органи, нема кредибилитет.
Зачудени сме од дрскоста на Социјалдемократскиот сојуз со која манипулира и го злупотребува невладиниот сектор во РМ. Жалиме што СДСМ не се менува.
Оваа партиска инсталација на СДСМ во граѓанскиот сектор има за цел преку невистини, лаги и конструкции да ја оцрнува работата на ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Република Македонија.
Јасно е дека ставовите на оваа организација треба да се гледаат како ставови на СДСМ и немаат никаква тежина и кредибилитет.
СДСМ не се откажува од транзицискиот начин дејствување.
http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=5667
Извор: ВМРО-ДПМНЕ
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




