Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Изјава за медиуми - Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани, Таканаречената невладина организација Транспарентност Македонија е партиска испостава на СДСМ. Тоа е организација во чии раководни органи се највисоките функционери на СДСМ. Транспарентност Македонија ја раководат: Г-дин Гордан Георгиев, актуелен потпретседател на СДСМ, Г-дин Дане Талески, член на Извршниот одбор на СДСМ, Г-дин Ѓунер Исмаил, поранешен министер во повеќе влади на Црвенковски и актуелен член на дипломатскиот совет на СДСМ, г-дин Сашо Орданоски, директор на Транспарентост Македонија, гласноговорник на политиките на СДСМ и Бранко Црвенковски. Г-дин Гоко Тасев - поранешен претседавач на советот во општина Кавадарци, од советничката група на СДСМ.
Транспарентност Македонија е финансирана од Владимир Милчин и неговиот Институт Сорос, човек кој извршувал високи партиски функции во СДСМ и човек кој долги години за јавен поддржувач на политиките на Бранко Црвенковски. Извештајот на Транспарентност Македонија кој комплетно наликува на партиски билтен на СДСМ е преполн со дезинформации, груби конструкции и лаги. Информациите содржани во т.н. извештај на Транспарентност Македонија се комплетен производ на партискиот штаб на СДСМ. Почитувани, Тие имаат за единствена цел, по секоја цена да го нарушат кредибилитетот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Организацијата Транспарентност Македонија не е ниту дел од меѓународната организација со светско реноме Транспаренси Интернешнл. Затоа сосема е јасно дека ставовите на оваа организација треба да се гледаат исклучиво како ставови на СДСМ и немаат никаква тежина и кредибилитет. СДСМ еднаш за секогаш треба да се откаже од провидните манипулации и од транзицискиот начин на однесување. Ви благодарам на вниманието
http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=6072
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




