Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Крупен владин рекет врз фирмите
Ова е државен бандитизам на едно пијано друштво во Владата, кое не може да си го плати цехот во кафеаната, па сега со меанџијата сакаат да се договорат како тој да им го плати цехот. Вака реагираат експертите на можноста Владата со анекс-договор да ги одложува плаќањата кон стопанствотоВладата е крупен рекетар, кој преку измените во Законот за јавните набавки си овозможи легално да ги уценува компаниите за парите што им ги должи да им плати кога ќе има. Вака реагираат експертите на можноста Владата со анекс-договор да ги одложува плаќањата кон приватниот сектор.Аналитичарите реагираат дека скоро и да нема компанија во земјава што може да си дозволи да одбие договор со Владата, бидејќи тоа би ја довело до пропаст.- Државата вели дека ќе го менува договорот за јавната набавка ако двете страни се согласат. Но, двете страни во случајов не се во иста позиција. Со оваа законска мерка, државата се става во позиција на крупен рекетар. Речиси и да нема компанија во Македонија што може да си дозволи да одбие договор со државата. Таа ги има сите механизми и средства на располагање. Може на која било компанија да и’ го загорчи животот и да ја доведе до пропаст - вели Сашо Ордановски од „Транспарентност Македонија“.Според него, ова е државен бандитизам на едно пијано друштво во Владата, кое не може да си го плати цехот во кафеаната во која што кршела чаши, донесувала оркестри за музика и славела од утро до вечер.- Сега со меанџијата сакаат да се договорат како тој да им го плати цехот. Во кафеански ситуации ова завршува со општа тепачка. Ќе видиме како ќе биде во македонската ситуација - вели Ордановски.Тој смета дека државата, која објективно е банкрот, ќе влезе во ситуација да мора ретроактивно да ги испитува договорите што веќе ги има направено, а не може да ги исплати.- Државата не може и се’ помалку ќе може да го плаќа цехот од своето пијанчење со македонската економија - заклучува Ордановски.ПРОБЛЕМИ СО РЕБАЛАНСОТВладини извори за „Дневник“ тврдат дека идејата на измените на Законот за јавните набавки не е воопшто во насока да банкротираат фирми или државата да не ги плаќа обврските на време, туку дека проблемот е поврзан, пред се’, со ребалансот на буџетот.- Кога некое Министерство ќе направи јавна набавка, истото е законски обврзано да ја спроведе само ако за таа набавка се обезбедени пари, односно парите да се предвидени во буџетот на тоа Министерство. Ако ја има спроведено набавката пред ребаланс, средствата се обезбедени и нема проблем.Но, ако се направи ребаланс, со кој ќе се намалат средствата во дадено министерство, практично настанува проблем, особено ако станува збор за повеќе годишна набавка- велат високи владини функционери.Тие објаснуваат дека во ваква ситуација потребно е да се направи некаков анекс со кој ќе се усогласи износот на расположивите средства по ребалансот со самата јавна набавка.- Измените се во насока да се надмине оваа состојба, односно да се усогласат тековните јавни набавки со ребалансот - велат тие.КОМПАНИИТЕ ВО НЕИЗВЕСНОСТЕкспертите за јавни набавки се зачудени од новиот предлог на Владата и велат дека ваков пример не сретнале во законодавството на ниедна земја што ја проучувале.- Правилата на јавната набавка се јасни - ефикасност и ефективност. Со ваквата мерка тие ја спречуваат реализацијата на бизнис-плановите и ги ставаат во неизвесност самите компании. Анексите за одложено плаќање влијаат на ликвидноста на фирмите, па тие мора да се задолжуваат во банки за да исплатат плати за вработените. Ако планираните средства не се реализираат набрзо, тоа ќе влијае и на бројот на вработените во тие компании - вели Вања Михајловска, експерт за јавни набавки.Според неа, се’ би било легално ако компаниите сами прифатат анекс на договорот.- Но, тоа најверојатно ќе го прифатат домашните компании што немаат работа на странскиот пазар, а странските компании во земјава не верувам дека би прифатиле ваква мерка - вели Михајловска.Според предлог-измените, во Законот за јавните набавки се предвидува дека буџетските корисници може да извршат промена на динамиката на плаќање на обврските од склучените едногодишни договори, по претходно обезбедена согласност од другата договорна страна, со склучување на анекс на договорот за продолжување на рокот за следната година или повеќе.Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, пак, завчера изјави оти тоа е начин на спогодбено решавање на ситуациите, кој се применува во меѓународното право во сите земји. Според него, се работи за исклучително добри мерки кои бизнис-заедницата треба да ги поддржи, бидејќи на овој начин добиваат сигурност за проектите и за парите што ќе им бидат исплатени.Горан РизаовАлександра Филиповскаhttp://www.dnevnik.com.mk/?itemID=0DD6F379300071409631954CDD76F181&arc=1
Внесете одговор
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




