Транспарентност Македонија е независно, неполитичко, непартиско, непрофитно и самостојно здружение на граѓани.
Транспарентност Македонија
Борба против корупцијата
Држава во која владее правото, а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Мисија
ИЗЈАВА ЗА ВИЗИЈАТА, ВРЕДНОСТИТЕ И ВОДЕЧКИТЕ ПРИНЦИПИ
Транспарентност Македонија и сите нејзини членови во својата работа ќе се раководат од мисијата и вредностите на здружението.
МИСИЈА
Држава во која владее правото а владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
ВРЕДНОСТИ
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.
СОРАБОТКA СО:
» Државни институции на национално и локално ниво
Транспарентност Македонија тежнее кон постигнување на највисоко ниво на соработка со сите невладини и државни институции. Во границите на овие рамки, направен е посебен напор за воспоставување на соработка со институциите кои се директно вклучени во антикорупциските активности, како што се Државната комисија за спречување на корупција, Врховниот Суд, Јавниот обвинител, Министерството за Правда, Министерството за внатрешни работи, Агенција за државни службеници, Царинска Управа, Правниот факултет, членови на Парламентот и други.
» Граѓанско општество
Транспарентност Македонија има воспоставено добра соработка со различни гранки од граѓанскиот сектор вклучувајќи ги професионалните асоцијации, независните експерти, невладините организации и медиумите. Во април 2002 година, на иницијатива на неколку поголеми невладини организации од Македонија, беше воспоставена невладина Коалиција: Македонија без корупција.
» Приватен секор
Транспарентност Македонија е единствен Национален огранок кој покрај Управниот, има и Стопански советодавен одбор, формиран со цел да придонесе за утврдување на најсоодветните решенија за пристап кон корупцијата во приватниот сектор, како и за соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор. Ова тело е составено од истакнати преставници на приватниот секор кои претпоставуваат високо ниво на персонален интегритет и кои имаат развиено етички и интегритетни стандарди во нивните компании.
» Меѓународни организации
Соработката со меѓународните организации во најголем дел е насочена кон претставување на целите на националниот огранок и активно партнерството за конкретни проекти. Во изминатиот период на делување на Националниот огранок, претставниците на меѓународните организации покажаа значаен интерес за активностите на Транспарентност Македонија.
Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија, интегритет.




